Србинот, Новак Ѓоковиќ, одигра блескава партија против Шпанецот, Рафаел Надал и го совлада со убедливи 3 спрема 0 во финалето на првиот годинашен тениски Грен Слем турнир – Отвореното првенство на Австралија.
На теренот во Мелбурн, првиот светски рекет започна фуриозно и ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2. Во третиот, Надал не искористи сервис а Ѓоковиќ тоа го претвори во сигурна победа со 6-3.
Популарниот Ноле со денешниот триумф по рекорден седми пат се израдува на победничкиот пехар на првиот тениски грен-слем турнир во годината.