Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без загубен сет (7-6 (7), 6-3, 6-4) победи во третото коло на Австралија опен против Бугаринот Григор Димитров. Ѓоковиќ повторно играше со болки во левата надколеница, како и на натпреварот од второто коло против Шпанецот Роберто Карбалес Баена, но успеа да победи и да се пласира во осминафиналето.
Новак Ѓоковиќ деветпати ја освојуваше титулата на Австралија опен, а во Мелбурн ја лови 22. Грен слем титула, со што би го израмнил рекордот на Шпанецот Рафаел Надал.
Противник на Ѓоковиќ во осминафиналето во понеделник ќе биде локалниот играч Алекс Де Минаур (АТП-24).