Лидерот на светската АТП листа, Рафаел Надал, одбраната на титулата на Отвореното првенство на САД на почетокот на следната недела ќе ја започне со дуел против сонародникот Давид Ферер.
36-годишниот Ферер е двократен полуфиналист на „Флашинг Медоус“ во 2007 и 2012 година. Трикратниот победник во Њујорк, Надал, оваа сезона дојде до 17. трофеи од Грен Слем турнирите по триумфот на „Ролан Гарос“ и повторно ќе се обиде да се искачи на тронот и во САД.
Во горниот дел од ждрепка како петти фаворит ќе биде Кевин Андерсон (Јужна Африка), кој потенцијално може да се соочи со Надал во четвртфиналето.
Во втората половина од костурот на US Open се најде петкратниот шампион и носител бр. 2 оваа година, Рожер Федерер (Швајцарија). Федерер во првата рунда ќе игра против Јапонецот Нишиока.