Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен откако утрово, по четири одиграни сета го совлада данскиот тенисер Холгер Руне со 3-1 (6:1, 6:7 (5), 6:2, 6:1).
Ѓоковиќ тотално доминираше во три од четирите сета и единствено му дозволи во вториот сет на својот противник да се понадева на некаква сензација.
Ѓоковиќ доцна се разбуди во вториот сет, па не успеа комплетно да се врати и му дозволи на Данецот да израмни на 1:1, за потоа вос ледните два сета да ја потврди доминацијата и пласманот во следното коло. Таму го очекува меч против холандскиот тенисер Талон Грикспур, кој го изненади Јан Леонард Штруф на отворањето на последниот сезонски Грен Слем.