Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, денеска на аеродромот – „Никола Тесла“ пред заминувањето за Токио, имаше средба со новинарите.
„Нема поголема чест од играњето за сопствената земја. Тоа се најубавите моменти што може да ги доживее еден спортист. Имав среќа да го освојам Девис купот, но, се уште нема олимписко злато“ – потенцирал Србинот и се насочил кон конкуренцијата на ЛОИ.
„Ќе биде тешко да се дојде до финалето. Игрите секогаш носат притисок и многу емоции. Се и сешто може да се случи. Таков турнир многу се разликува од другите во сезоната“- изјавил првиот фаворит за златото на Олимписките игри во Јапонија.