Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос го совлада Карен Хачанов со 3-1 (4:6, 7:6, 6:2, 6:4) во сетови и обезбеди место веѓу четирите најдобри на вториот годинешен Грен Слем.
Ѓоковиќ повторно ќе игра во полуфиналето на парискиот Грен слем турнир каде го чека подобриот од дуелот меѓу Алкараз и Циципас.
Во четвртфиналето Србинот го победи Хачанов во меч кој траеше нешто повеќе од три и пол часа и каде Русинот поведе во првиот сет, но потоа видовме пресвртот на српскиот ас.