Ракометарките на Ѓорче Петров во осминафиналето на Европскиот куп ќе играат против екипата на Јарослав.
Полскиот тим во 3 коло го елиминираше португалскиот Алвариум а предходно оствари победа и пораз против Венло од Холандија. Првиот натпревар се игра на 7 или 8 јануари во Полска а реваншот една недела подоцна во Скопје.
Ѓорче Петров нема пораз во четирите натпревари од Европскиот куп. Одиграа нерешено и го совлада Тор на Исланд а потоа двапати беше сигурен против Румс Јагс од Австрија.