Лина Ѓорческа влезе во осминафиналето на силниот ИТФ тениски фјучерс што се игра во Копер (Словенија) за награден фонд до 60.000 долари..
Таа денеска ја совлада шестата носителка, Анка Алексија Тодони од Романија со 2:0 (6-4 и 6-1). Ѓорческа во мечот имаше седум брејка од 11 можности а противничката три од 12.
Македонката во наредното коло ја очекува пресметка со Италијанката, Дебора Киеза. Двете одлично се познаваат затоа што во изминатите години се сретнаа на различни турнири.