Лина Ѓорческа не успеа да влезе во второто коло во игра на двојки на турнирот Аламинос кој се реализира во Ларнака на Кипар.
Таа и Лола Радивојевиќ од Србија денеска загубија од Франческа Цурми (Малта) и Кристина Дину (Романија) со 2-1 во сетови. Нашата најдобра тенисерка утре ја очекува мечот од втората рунда во поединечна конкуренција со Италијанката, Матилде Паолети.
Нашата репрезентативка, Магдалена Стоилковска, го загуби првиот меч на ИТФ Фјучрсот во Египет во Шарм Ел Шеик. Таа загуби од Јунг Јеонг од Кореја со 2:0 во сетови.

