Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап во квалификациите за Ролан Гарос уште во првото коло откако загуби од домашната тенисерка Маро Рувруа.
И покрај тоа што Ѓорческа влезе во овој дуале како подобро рангирана, сепак не успеа да слави против французинката Рувруа која беше подобра со 2:1 во сетови, односно 2:6, 7:5 и 3:6 во меч кој траеше 2 часа и 12 минути.
Со ова заврши сонот на Ѓорческа дека може да дојде блиску до настап во Париз на Грен слем турнирот Ролан Гарос.