Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Ѓорческа избори четвртфинале во Виена
    Тенис

    Ѓорческа избори четвртфинале во Виена

    sasoBy saso07/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и меч во три сета успеа да ја совлада четвртата носителка Леире Ромеро Гормаз од Шпанија на фјучрсот во Виена (награден фонд 60.000 долари) со 2-1 во сетови (62 16 75) за два часа и 13 минути.

    Првиот сет мина во доминација на Ѓорческа која по 2:2 во гемови имаше серија од четири гема и сетот го заврши со 6:2. Но, следниот сет беше спротивна слика. Шпанката Гормаз поведе со 3:0, па следуваше гемот на Ѓорческа за сетот да заврши со 6:1 за шпанската тенисерка.

    Во решавачкиот сет се водеше голема борба. Ѓорческа успеа да поведе со 5:3 во гемови, но следниот гем на свој сервис го освои противничката и во десеттиот гем Ѓорческа почна одлично поведе со 40/0, но потоа не искористи три меч топки и Гормаз изедначи на 5:5. Сепак следеше нов брејк на македонската тенисерка за водство од 6:5. Во 12.тиот гем Ѓорческа не ја повтори грешката и ја искористи 4.та меч топка.

    Во следното коло противничка на Ѓорческа ќе и биде носителката број 6 Романката Ирина Бара. Двете тенисерки добро се познаваат имаат одиграно шест меча, а Романката има подобар скор (4:2) со тоа што ги има добиено последните два меча кои беа одиграни во 2023 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите

    22/09/2023

    Ѓорческа обезбеди четвртфинале на Фјучрсот во Скопје

    14/09/2023

    Симона Халеп суспендирана на 4 години

    12/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.