Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на тенискиот ИТФ турнир во Букурешт со награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа денес во осминафиналето беше подобреа од италијанската тенисерка Ноеми Бастилети со 2:1 во сетови односно 3:6, 6:3 и 6:4.
Со оваа победа Лина Ѓорческа која е четврта носителка на овој турнир ја продолжува победничката серија и во четвртфиналето на овој турнир ќе игра против Хиетаранта од Финска.

