Нашата најдобра тенисерка на ВТА листата, Лина Ѓорческа, започна со победа на турнирот кој се реализира во Осијек во Хрватска.
Таа во улога на прва носителка ја совлада убедливо во два сета Романката, Сабина Дадачиу со 6:2 и 6:3.
Ѓорческа во втората рунда ќе излезе на мегдан со домашната претставничка, Силвија Њириќ, која успеа да ја победи нејзината сонародничка, Лусија Багариќ во два сета со 6:3 и 6:4.