Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, доби дозвола по трет пат во кариерата да се појави во квалификациите за Отвореното Првенство на САД кои ќе започнат на 27 август.
Таа откако направи подолга пауза за да ја санира повредата, во текот на летово се појави на неколку ИТФ турнири. Иако нејзината позиција на ВТА листата не и дозволува да игра во квалификациите за последниот сезонски Грен Слем собир, сепак, организаторот и овозможи да се бори за учество на главниот „костур“.
Ќе потсетиме дека во претходната година додека траеше отворенот првентво на САД, Ѓорческа беше на 170. место на листата на најдобрите светски тенисерки.