Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари нова победа на Источноевропскиот турнир кој се реализира во Белград. Таа денеска славеше убедливо со 2-0 против домашната претставничка, Доротеја Јоксовиќ.
Тетовчанката лесно го доби првиот сет со максимални 6-0 додека во вториот нешто потешко успеа да победи со 6-4.
Денешниот триумф остварен на терените на Академијата на Јанко Типсаревиќ, покажува дека нашата Ѓорческа е влезена во посакуваниот ритам и дека може да постигне добар резултат на турнирот во соседна Србија.