Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине и втората елиминациска рунда на US Open. Таа синоќа во 2. коло од квалификациите беше поразена од хрватската тенисерка Јана Фет со 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 3-6).
По слабиот прв сет, Ѓорческа одигра моќно во вториот и успеа да израмни, но во завршниот сет Хрватката повторно беше на висина на задачата и успеа да се избори за победа.