Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ќе игра против Американката, Лорен Дејвис, во првото квалификациско коло на Отвореното првенство на САД.
Нашата Лина која се врати на терените откако ја санираше повредата, сега ќе излезе на мегдан со тенисерката која е на 200. место на ВТА ранг листата а минатата година беше 26-та.
Ѓорческа која по трет пат ќе игра на собирот во Њујорк доколку ја помине првата пречка тогаш ќе се соочи со подобрата од мечот меѓу Фет и Жанг.