Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на фјучрс-турнирот кој се одржува во Скопје.
Ѓорческа во осминафиналето беше подобра од Јапонката Рина Саиго, која ја доби со 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-2). Во првиот сет на „Триглав Опен“, Саиго беше подобра во тај-брејк, ама во следните два сета Ѓорческа доминираше.
Македонката немаше проблем да го добие вториот сет иако отвори лошо и на противничката ѝ препушти брејк. Беше 0-2, но на крајот Лина славеше со 6-2, а сличен резултат беше и во третиот сет.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со Нада Нахимана.