Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа утрово во рамките на осминафиналето на ИТФ турнирот во Астана, Казахстан, во три сета успеа да ја совлада белоруската тенисерка Ирина Шиманович со 7:5, 1:6 и 6:2 и да се пласира во следната рунда.
Утре во четвртфиналето нашата тенисерка ќе има пресметка со Русинката Тихонова, која моментно е рангирана на 179. место на ВТА листата. ИТФ турнирот во Астана се игра за награден фонд вреден 40.000 долари.