Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на ИТФ Фјучерсот во осијек, Хрватска, откако денеска во првиот полуфинален меч во два сета успеа да слави над Романката Амариеи со 7:5, 6:4.
Ѓорческа сега ќе треба да го почека второто полуфинале меѓу Лукас од Хрватска и Тодони од Романија за да го дознае својот утрешен ривал во големото финале.