Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, го освои победничкиот пехар на фјучерс турнирот во Куршумлиска Бања во соседна Србија.
Таа во финалето беше супериорна против Антонија Ружиќ од Хрватска и ја победи со 2-0 во сетови и тоа идентично со 6:3.
Фјучерсот во Србија се играше на земјена подлога и имаше вкупен награден фонд од 40 илјади долари. Ѓорческа сега има 13 трофеи освоени во поединечна конкуренција.