Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, на новото рангирање на ВТА-листата објавено денеска се наоѓа на 181-вото место, што е напредок за една позиција во однос на изминатата недела.
За 31-годишната Ѓорческа сегашниот пласман е 11 места подолу од нејзиниот најдобар рејтинг во 2017 година кога беше 170-та на светот.
Од македонските тенисери најдобар е Калин Ивановски кој се наоѓа на 876-тото место на АТП листата.

