Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа влезе во четвртфиналето на фјучерс-турнир во Капошвар кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Таа денеска во тежок меч успеа да ја победи Ванда Лукаш од Унгарија со 2-1. По нерешените 1:1, Ѓорческа рутински го доби третиот сет со 6-2 што беше доволно да влезе меѓу најдoбрите осум.
Македонската тенисерка сега ќе се насочи кон дуелот со Емилијана Аранго од Колумбија која преку квалификaциите успеа да си обезбеди место на главната шема.