Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа во квалификациите за првиот Грен Слем турнир во новата сезона, Австралија Опен.
Ѓорческа одигра одчичен натпревар и со 2:0 во сетови ја совлада Сиња Краус од Австрија која е подобро рангирана од Ѓорческа (202) , а Краус на 108 место.
Првиот сет се играше изедначено, но Краус направи брејк и имаше водство од 5:4, за во тој момент нашата тенисерка да одигра најдобро и успеа да го добие гемот на сервис на противничката и да израмни на 5:5. Потоа следуваше уште подобра игра на Ѓорческа која дојде до 7:5 и го доби првиот сет за водство од 1:0.
Вториот сет беше како од бајките за Лина Ѓорческа, се и одеше од рака и го доби без загубен гем, односно со 6:0, за победа од 2:0 против Краус.
Во второто коло од квалификациите Лина Ѓорческа ќе игра со Тамара Зиданшек од Словенија која е на 156 место на ВТА ранг листата.

