Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на В35 фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.
Ѓорческа беше сигурна против ривалката од Русија, Ксенија Зајцева и со 2:0 во сетови за 1 час и 35 минути го реши четвртфиналниот дуел. Ѓорческа го доби првиот сет со 6:1, иако ривалката отвори со брејк.
Слично беше и во вториот сет, Зајцева загуби гем на свој сервис, а потоа направи брејк за израмнување. Ѓорческа веднаш ја врати предноста и во седмиот гем одново со брејк се доближи до победата. Лина Ѓорческа стигна до 6:2 во вториот сет и победа на оваа средба. Во полуфиналето Лина Ѓорческа ќе игра против Астакова од Русија.

