Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа да направи изненадување и да ја совлада Џесика Покет од Франција со 2:1 по сетови 6-4, 2-6 и 7-6 и да влезе во четвртфиналето на силниот турнир во Марибор.
Македонката која го има 294 место на ВТА листата, успеја да ја совлада четврта носителка која котира на 153-то место на листата на најдобрите светски тенисерки.
Ѓорческа утре ќе игра против Грузијката, Мариам Болквадѕе, која и е партнерка во игра на двојки на собирот во Словенија.

