Лина Ѓорческа успешно го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот во Трнава што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Нашата најдобра тенисерка на ВТА листата, успеа да ја победи Урсула Радванска со 2-0 и да обезбеди место во втората рунда.
Ѓорческа сега ја чека пресметката со Еала Александра од Филипини која денеска беше подобра од Унгарката , Ана Бондар.