Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, откако вчера ја освои титулата во двојки, денеска не успеа да ги обедини титулите на турнирот во Санта Маргерита ди Пула.
Таа на турнирот вреден 25.000 долари, вчера во двојки ја освои титулата , а денеска во сингл финалето загуби од Ева Ведер со 2:0 во сетови (6:2, 6:3). Интересно е тоа што токму Ведер и беше на Лина партнерка во финалето вчера во двојки.