Лина Ѓорческа со победа го отвори настапот на тенискиот фјучерс кој се реализира во Рим. Таа во италијанскиот град успеа да ја совлада домашната претставничка, Лаура Маир, со 2-0 по сетови 6-3 и 7-6.
Нашата тенисерка беше одлична во првиот сет додека во вториот мораше да одигра тај-брејк за да стигне до посакуваната победа.
Ѓорческа во наредната рунда ја очекува меч со Жибек Куламбаева од Казахстан која денеска славеше против Аника Јашкова од Словачка.