Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ѓоре Јовановски на клупата на Работнички до крајот на сезоната
    Фудбал

    Ѓоре Јовановски на клупата на Работнички до крајот на сезоната

    risteBy riste03/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешен македонски селектор и еден од најтрофејните тренери во мак-фудбалот, Ѓоре Јовановски ќе биде нов тренер на Работнички. Откако Горан Станковски си поднесе оставка поради слабите резултат на тимот, искусниот Ѓоре Јовановски ќе седне на клупата на Работнички до крајот на сезоната.

    „По поднесената оставка од Горан Станковски, раководството на Работнички на синоќешниот состанок одлучи до крајот на сезоната тимот да го води Ѓоре Јовановски. На Станковски искрено му заблагодаруваме на досегашната соработка, посакувајќи му успешна кариера во иднина. Јовановски се враќа во добро позната средина. Веруваме дека може многу да донесе зa психолошко враќање на екипата. Се договоривме за соработка до крајот на сезоната, а потоа од јуни ќе размислуваме за евентуално продолжување на истата“, се вели во изјавата на првиот човек на Работнички, Драган Поповски.

    Јовановски по третпат се враќа на клупата на оваа екипа откако беше на чело од 2003 до 2007 година, а потоа го водеше и во сезоната 2011/2012.

    Прв асистент на новиот стратег ќе биде поранешниот фудбалер на клубот Зоран Јовановски. Првиот собир со тимот Ѓоре Јовановски ќе го има денес во 14.00 часот во клупските простории, а од 15.00 часот ќе биде одржан и првиот тренинг со новиот шеф на стручниот штаб.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.