Нашата тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка во игра на двојки, Чагла Бујукакчај влегоа во финалето на турнирот кој се реализира во Лиепаја во Летонија.
Тие во текот на денов славеа против Џеси Ани и Елена Малигина со 2-1 по сетови: 6-3, 3-6 и 10-6.
Ѓорческа и Бујукакчај сега ќе го чекаат победникот од мечот меѓу Дарја Семенистаја и Даниела Висман од едната страна и Вивиан Хејзен и Валерија Стракова од другата страна.