Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ѓоргиев: Против Грција и Грузија нема веќе оравдувања
    Домашен микс

    Ѓоргиев: Против Грција и Грузија нема веќе оравдувања

    sasoBy saso08/08/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската машка одбојкарска репрезентација со учеството и настапот на Меморијалниот турнир „Чајка“ во Скопје ги заврши подготовките пред последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство. Иако очекувавме победнички пат кон Грција, сепак, поразите од Швајцарија и Бугарија на турнирот во Скопје го запалија црвеното светло. Одбојкарите во неколку елементи од оиграта потфрлија, а грешките кои не чинеа порази против Швајцарија и Бугарија ќе мора да бидат анулирани во деновите до патувањето во Атина.

    „На овој турнир се покажа дека сите играат одбојка. Малку ме плаши тоа што почнуваме да губиме кога играме егал, но тоа мора итно да го поправиме. Сепак, имаше и многу добри работи. Како на пример одбраната, но контрата и блокот не се највисоко ниво. Но, тоа е што е. Овие играчи се најдобрите што ги имаме, најдоброто од Македонија и на нашите плеќи треба да го извлечеме Европското првенство. На овие мечеви може и да имаме оправдување, но веќе од среда нема оправдување. Или ќе играме на Европско по четврти пат, или ќе останеме на три учества“, вели капитенот на нашата селекција, Никола Ѓоргиев.

    Македонската репрезентација до вторник ќе се подготвува во Скопје, по што заминува за Атина каде на 13 август го играме клучниот меч за четврти пласман на континенталното првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.