Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Ѓорѓи Ѓоргиев, кариерата ќе ја продолжи во полскиот прволигаш, Алурон Вирту Завиерче. 27-годишниот струмичанец потенцира дека е подготвен за новиот предзивик.
„Слушнав многу добри работи за клубот, организација и амбициите. Сакав да играм во полската лига која е една од најсилните во светот. Овде има одлични навивачи и високи стандарди, сакав тоа да го почувствувам“ -истакна помладиот од браќата Ѓорѓиеви.
Нашиот репрезентативец во интернационалната кариера има настапувано за екипи од Бугарија, Турција и Франција.