Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев, на денешната средба со новинарите се насочи кон историскиот момент остварен со млади ракометари.
„ Нашиот тим го донесе првиот трофеј во витрините, тоа е Купот на Македонија, успех на кој сме посебно горди. Игравме во Европската лига во која имавме шест квалитетни натпревари со кои стекнавме големо искуство“ – вели Ѓорѓиев.
„Благодарност до Алкалоид за условите и до соиграчите кои беа големи професионалци. На крајот најмногу сакам да се заблагодарам на публиката која неуморно не бодреше “ – изјави Ѓорѓиев.

