Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ѓорѓиев: Одиме во Белгија на победа, но тие се фаворити
    Домашен микс

    Ѓорѓиев: Одиме во Белгија на победа, но тие се фаворити

    sasoBy saso07/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската одбојкарска репрезентација ги привршува подготовките во Скопје пред заминувањето за Шарлоа, каде в сабота во рамките на 4. коло од Златната Лига не пречекува селекцијата на Белгија. Пред заминувањето, гостин во нашата програма беше капитенот Никола Ѓорѓиев кој ги истакна очекувањата од второто гостување во групата.

    „Имаме шанси, но сакам да видам како ќе реагираме на овој втор меч кој го играме на гостински терен. Ако дома го положивме испитот, сега да видиме како ќе играме и на гости. Украинците се најдобри во оваа група и сигурно ќе се борат за златото. Белгија иако е млада селекција, имаат одлични индивидуалци и одличен стратег како Занини. Ќе биде интересно, нема да имаме домашна предност, таа ќе биде на страна на Белгија, но публиката ќе биде и дополнителен притисок и за нив. Иако загубија од Украина со 3:0, сепак водеа во сите сетови. Ова е голем тест за нас, ние не сме фаворити, но одиме на победа“, вели во изјава за Спортското радио 90.3 фм, капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓорѓиев.

    Комплетниот разговор можете да го проследите во програмата на Спортското радио 90.3 фм или на следниот ЛИНК

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ

    22/09/2023

    Мојсовски ги прими кик-боксерите по успехот во Турција

    21/09/2023

    Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.