Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона се враќа во Франција. Техничарот на нашиот национален тим и официјално го потврди трансферот во францускиот прволигаш Камбраи Волеј.
Ѓорѓиев минатата година ја освои двојната круна со екипата на Хебар во бугарскиот шампионат, а претходно веќе има искуство од настап во француската елита. Тој во периодот од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз Волеј.