Илчо Ѓорѓиоски ќе го напушти кормилото на Фудбалската федерација на Македонија.Тој според последните информации, најавената оставка ќе треба да ја поднесе до членовите на УО на утрешната седница.
Ѓорѓиоски кој шест години беше прв човек на мак-фудбалот добил покана од Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, да се активира во неговиот кабинет.
Додека ФФМ да добие нов претседател, раководната палка ќе ја имаат потпретседателите во федерацијата и Генералниот секретар, Филип Поповски.