Во пресрет на вечерашниот прв меч на Еуро 2020, селекторот на Турција Шенол Ѓунеш нема кадровски проблеми и ќе може да смета на најдоброто што го има во тимот.
„За нас е голема чест да играме на воведниот натпревар на ваков турнир. Италија е одлична репрезентација која многу ја почитувам. Нашата репрезентација ќе игра за првпат на отворање на едно ЕП. Манчини добро го познава турскиот фудбал, затоа што работеше во Галатасарај, но ние сме тука за да победиме”, вели Ѓунеш.
Средбата почнува од 21 часот, а главен судија ќе биде Дани Макели од Холандија.