Крилниот центар на Работнички, Стојан Ѓуроски, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека серијата од 5 победи заокружена со триумфот против МЗТ Скопје, се должи на одличната тактика и победничкиот дух во екипата од Градски парк.
„ Одигравме тежок меч со МЗТ во кој заслужено победивме. Знаевме од каде доаѓа опасноста и ја неутрализиравме. Максимално ги исполнивме барањата и плановите на тренерот Самарџиев“ – вели Ѓуровски.
„Сега не чека меч со Вардар кој нема да биде воопшто лесен а потоа и дербито со Еуро Никел. Се надевам дека полека растеме како тим и дека ќе го задржиме победничкиот чекор. Секако имаме големи амбиции и во Купот“ – нагласи кошаркарот на Работнички.