Некогашниот македонски репрезентативец и селектор, Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот што го одржа на комеморацијата во чест на неодамна починатиот фудбалер Дејан Миловановиќ.
Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда се онесвести додека држеше говор на комеморацијата за смртта на неговиот поранешен соиграч Дејан Миловановиќ.
На средина од говорот, Ѓуровски побара чаша вода, по што падна во несвест. За среќа, минувачите брзо му помогнаа да стане, а неговата здравствена состојба моментално е стабилна.

