Вчера во Варна, Бугарија, се одигра хуманитарен-пријателски меч меѓу легендите на макеоднскиoт и бугарскиот фудбал, а се за поддршка на настраданите во страшната трагедија која се случи во Кочани. По натпреварот кој заврши со победа на ветераните на Македонија од 3:2, старите пријатели имаа заедничка дружба.
Некогашниот репрезентативец и селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски, го изненади најголемото име на бугарската фудбалска сцена, Христо Стоичков со еден подарок од неговиот клуб Црвена звезда каде од неодамна е лидер на ветераните на белградскиот клуб.


