Томица Главчев е нов претседател на КФСМ, тој доаѓа на местото на Перо Антиќ, кој по шест години ја напушта позицијата.
На денешното Вонредното Изборно Собрание на кое беа присутни 38 членки од вкупно 50, сите едногласно му изгласаа недоверба на првиот човек на КФСМ а потоа му дадоа мандат од четири години на новиот претседател.
Главчев е успешен бизнисмен кој долго време е активен во кошарката. На времето беше основач на Блокотехна а сега е дел од Управниот одбор на федерацијата.

