Тобијас Велц, кој беше главен судија на натпреварот од 21. коло на германскиот шампионат, Борусија Менхенгладбах – Баерн (3:2), објасни зошто го отстранил од теренот дефанзивецот на гостите Дајо Упамекано.
„Тоа беше долг спринт. Фудбалерот на Борусија Менхебгладбах се обиде да продолжи понатаму, но дојде до контакт со рамото од играчот на Баерн, поради што напаѓачот изгуби рамнотежа. Упамекано беше последниот играч, па тоа е црвен картон. Се разбира, разговарав за ова со видео асистентот. Долго време ја проверуваше снимката. ВАР не можеше да ми покаже нешто што не го видов на теренот. Затоа, решивме дека нема потреба да ја гледаме репризата на мониторот. Се разбира, линијата е многу тенка. Има аргументи во корист на двете страни. Контактот со рамото беше одлучувачки“ рече судијата во изјавата по натпреварот.