Полскиот дефанзивец Камил Глик доби дозвола од медицинскиот тим на Монако да учествуваат на Светското првенство во Русија.
30-годишниот дефанзивец на Монако доби повреда на рамото и беше неизвесен за настап на Светското првенство во Русија. Глик ќе помине дополнителни прегледи под надзор на полските лекари, а потоа конечно ќе стане јасно дали ќе игра на првенството во Русија.
Репрезентацијата на Полска денес го игра последниот контролен натпревар пред настапот на СП во Русија, противник им е селекцијата на Литванија.