Фудбалерот, Кристофер Нкунку, заработи повреда на тренингот на Франција и нема да настапи на Мундијалот во Катар, објавија медиумите во Европа.
Виновен за тоа е Едуардо Камавинга кој непромислено имаше жесток старт врз ѕвездата на Лајпциг. Тоа ќе му донесе проблеми на селекторот, Дидие Дешамп, бидејќи Нкунку е значан дел од репрезентацијата на „галските петли“.
Дополнителните лекарски прегледи ќе го потврдат степенот на повредата на напаѓачот кој во текот на зимскиот трансфер период треба да замине во Челзи.