Серж Гнабри беше еден од хероите на Баерн при успехот од 3:0 над Челзи во 1/8 финалето во Лигата на шампиони на „Стемфорд Бриџ“, постигнувајќи ги првите два гола.
Германецот одигра уште еден одличен натпревар во Лондон, откако постигна четири гола во групната фаза за успех од 7:2 над Тотенхем. Тој рече дека англиската престолнина станува посебно место за него.
„Мислам дека добро го притиснавме Челзи и ги искористивме нашите шанси. Успеавме да дојдеме до предност од два гола по моите два гола, а потоа Левандовски постигна уште еден. Изгледа Лондон е посебно место за мене. Имам многу пријатели овде и тие беа денес на стадионот. Очигледно ми даваат дополнителна сила и видовте што се случи“, рече Гнабри по натпреварот.