Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, планираат да го купат играчот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.
Дефанзивцот има клаузула во договорот со Шпанците во висина од 20 милиони евра која не би требало да претставува проблем за калчо-лигашот. Директорот на Јувентус, Паратичи замина во Мадрид да го убеди Годин да се вклучи во новиот проект на „старата дама“.
Доколку се оствари желбата на Јуве, 32-годишниот играч ќе биде значаен дел од одбраната на тимот кој има големи амбиции во новата сезона пред се во меѓународната конкуренција.