Новото засилување на Интер Диего Годин се повреди на еден од последните тренинзи. Дефанзивецот помина прегледи на кои се откри дека има повреда на мускулот.
Неговата состојба ќе се следи, но тој сигурно нема да учествува во контролата на Интер против Тотенхем која се игра во недела. Најверојатно, уругвајскиот репрезентативец ќе ја промаши последната контролна средба на тимот, кој е против Валенсија за една недела.
Годин го направи своето деби за новиот тим на пријателскиот меч со ПСЖ. Антонио Конте сакаше да го види како игра барем уште еднаш пред почетокот на сезоната. Интер ја започнува сезоната против Лече како домаќин во првото коло од Серија А и натпреварот ќе се игра на 26 август.