Португалскиот фудбалски судија, Луис Годињо и неговото семејство добија смртни закани откако им покажа два црвени картона на играчите на Порто на мечот со Брага одигран во рамките на португалскиот куп.
Мечот имаше големо надополнување откако Давид Кармо од Брага мораше со брза помош да биде однесен во болница. Во тие моменти Дијаз доби црвен картон додека Урибе беше исклучен во седмата минута од судиското продолжение за намерен удар на противнички играч.
Потврда за заканите упатени кон судијата дојде и од страна на судискиот комитет. Претходно раководството на Порто упати жестоки реакции кон Годињо.