Тенисерката, Коко Гоф, со само 19 години ја освои првата грен слем титула откако доцна синоќа на домашен терен на Артур Еш стадионот ја победи Арина Сабаленка во финалето на Ју-Ес Опен.
Американката по големиот успех, не заборави да ги поздрави Твитер критичарите и хејтерите на социјалните мрежи.
„Благодарам на сите што не веруваа во мене. Пред еден месец победив на турнир од серијата 500 и тие рекоа дека е толку. Една недела подоцна победив на турнир од серијата 1000 и ми рекоа дека не можам подобро од тоа. Три недели подоцна еве, овде сум со овој трофеј. Ви благодарам“ – рече Гоф.